Денес, на 5 декември, светот го одбележува Меѓународниот ден на волонтеризмот, ден кога се дава признание на сите волонтери и хуманитарци кои со својата посветеност и безрезервна љубов кон другите, ја менуваат реалноста во своите заедници и пошироко. Овој ден е потсетник за важноста на волонтерството како непроценлив ресурс за градење подобро и посолидарно општество.
АГТИС, 20 години работи на промоција на волонтерството и во своите активности посебен акцент ставаме на волонтерската работа. Секоја година го одбележуваме овој ден со различни активности, оваа година сакаме да го посветиме на „Хероите на нашата заедница“. Овој ден, 5ти Декември посебно признание за големиот волонтер Трајче Зуљамоски, кој 1 година волонтира во Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“. Човек кој целиот свој живот го посветува на децата и на многу хуманитарни акции. Овој херој на заедницата и видео да биде пример и мотив за многу други волонтери.
Погледнет го интервјуто со Волонтерот со големо срце кое пред неколку месеци заедно сo медиумот OTV.mk го снимивме.
Волонтерството носи бројни придобивки, не само за тие што го примаат, туку и за самите волонтери. Тие стекнуваат нови вештини, развиваат лидерски способности, го зголемуваат своето самопочитување и создаваат долгорочни пријателства и професионални мрежи. За младите, ова е и можност за активен ангажман во општеството, како и за обогатување на личните искуства.
Денот на волонтеризмот е време кога се слават сите оние кои својата енергија, време и љубов ја вложуваат во помагање на другите. Овој ден ја нагласува важноста на хуманоста и солидарноста, како и способноста на волонтерите да создадат промени кои влијаат на иднината на секоја заедница.
Не заборавајте: секој може да биде волонтер, без разлика колку е мал или голем неговиот придонес. Денес, 5 декември, да дадеме признание за сите оние кои го прават светот поубав и помалку изолиран – за волонтерите.