Заедно до подобри е-услуги во 2022

Е-услуга

Во изминатата 2021 година, спроведуваќи ги теренските активностите од проектот „Е-услуга како самопослуга”, во пелагонискиот регион дојдовме до следните податоци: Населението многу малку знае за порталот uslugi.gov.mk; Потралот uslugi.gov.mk, не е доволно промовиран; Само 50 од 839 од услугите кои ги има на портелот се целосно електонски!!!

Препораки и насоки за заедничко делување (институции, НВО, медиуми) во 2022 година: Подршка и едукација на населението за користење на е-услугите; Поголема промоција на веб сајтот uslugi.gov.mk; Постојано ажурирање на веб сајтот uslugi.gov.mk и дигитализација на услугите.

За поддршка и подетални информации околку користењето на е-услугите можете да не посетите во просториите АГТИС. Проектот „Е-услуга како самопослуга “ кој АГТИС го спроведува во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA. Целта на проект е сензибилизирање на пошироката јавност за можностите на дигиталната агенда и употребата на е-услуги.