Како успеала Црвенкапа да ја научи бабата да користи Е – услуги?

Е-услуга Новости

Дали била Црвенкапа генијалец или бабичката?

Не треба да си генијалец, туку да решиш. До ставот е!!!

Се говори дека ние во Македонија сме „тврди“ во навиките и не сакаме ништо да менуваме. Како тогаш извезуваме компјутерски експерти и над 100.000  нашинци работат за странски ИТ компании?

Тоа е – треба да решиш!!!

Е – услугите се лекција за иднината. Тоа не е лекција – сама за себе, туку само влез во еден голем „Е“ свет, кој е веќе тука и за кратко време ќе мораме да „дишеме“ со него, сакале ние или не.

Е – плаќањето веќе го научивме, барем поголем дел од нас, затоа што видовме дека е многу полесно да платиме он – лајн. Монополските компании и банките се погрижија за тоа да го сфатиме, преку поевтините он – лине услуги, но и преку намалување на шалтерскиот персонал, што не натера да престанеме да се инаетиме и да си бараме „традиционален“ пристап.

Навистина, да решиш проблем на шалтер или преку телефон, веќе е прав предизвик. На сите ни е доста од „разговор“ со телефонска машина: „За плаѓање – притиснете 1, за пријава на дефект – притиснете 2, за …. Сите телефонски оператори се зафатени, ве молиме почекајте….“

Е – услугите се спасот за сите нас, но не само што мораме да ги користиме, туку и локалните самоуправи и порталите – каде се нудат услугите, мораат да видат дека ние „ги притискаме“ да го зголемат бројот на услуги и „шалтерците“ да ги поописменат за давање е – услуги.

Велат…. за неколку години нема да имаме ниту хартиени документи за лична идентификација, затоа што ќе нема шалтери, каде би ги покажале.

Всушност, како можат сите да станат експерти за фејсбук или твитер? Нели се Е – услугите многу попроста работа?

Оваа приказна е за сите, не само за деца!