Кои сметки може да ги платите онлајн?

Е-услуга

Пандемијата со корона вирусот ни покажа дека онлајн плаќањето е важно за нашата здравствена безбедност бидејќи нема да бидеме изложени на физички контакт, тогаш кога нема да сакаме, а сепак со онлајн плаќањето ќе бидеме во можност да не заостанеме со нашите платежни обврски.

Плаќањето онлајн сметки кое ние лично го испробавме и го препорачуваме е брзо, лесно, сигурно и безболно.

 Нема потреба од:

  • барање излез од работното место;
  • дремење по шалтери и турканици;
  • барање пријател за побрзо да „завршите работа“;
  • трошење време;
  • трошење пари за паркинг;
  • плаќање големи провизии (провизија за една сметка може да биде и 60 денари?!)

Секогаш ќе имате увид на состојбата и што е најбитно, нервите ќе ви бидат на број!

Се што може да се плати онлајн, плаќам онлајн.
Немам нерви, а ни време да се м
автам по банки.
– граѓанин кој користи онлајн плаќање

Бројни анализи и истражувања на компаниите кои нудат онлајн плаќање покажуваат дека од воспоставувањето на услугата за онлајн плаќање, интересот за услугата, како и бројот на корисници е во постојан и постепен раст. При анализа на овој тренд, може да се забележи дека растот е на некој начин органски што потекнува од реалните потреби на корисниците, а новите корисници по позитивното прво искуство продолжуваат со користење на услугите.

Кои сметки може да ги платите онлајн?

СТРУЈА

ЕВН –  https://evnonline.mk/index/evnhome

Интернет, телевизија и телефон

Телеком – https://www.telekom.mk/plationline/

Телекабел – https://moj.telekabel.com.mk/pay/index.php

А1 – https://www.a1.mk/plati-smetka

Неотел – https://neotel.mk/elektronsko-plakanje/

Кабелнет – https://www.kabelnet.com.mk/naplata

ВОДА

Водовод Прилеп – https://vik-prilep.mk/Login.aspx?ReturnUrl=%2f

Проектот „Е-услуга како самопослуга” го спроведува АГТИС во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА”, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и партнерите.