Мобилен новинар е лице кое создава снимки со „паметен“ телефон и ги објавува на социјалните мрежи. Преку развивање на вештини за користење на секојдневни уреди за креирање и објавување на вести, младите можат да се поттикнат да бидат активни граѓани, да известуваат за прашања од нивниот секојдневен живот и нивните заедници.