Несиме Салиоска е хероина, жена-борец за правата на ромската зедница во Македонија. Од неодамна ја носи европската титула на непозната хероина – жена активистка. Заедно со уште 13 жени од седум земји од регионот, Салиоска е добитник на првата награда од двете жени-активистки од Македонија кои во Брисел беа прогласени за „непознати хероини“.
„Европската комисија за првпат оваа година додели 14 награди на жени-Ромки, активистки од седум земји. Оваа награда беше организирана од Директоратот за проширување и добрососедство во рамки на ЕУ. Наградите беа доделени во две категории: прва и втора награда. Од секоја земја имаше по 2 победнички. Јас бев добитничка на првата награда, а Салија Халимбекир од Скопје, беше добитничка на втората награда за Македонија“ кажува Салиоска.
Таа е хероина, иако, низ разговор таа ни кажа дека не се чувствува така, туку дека е само упорна жена.
Која е пораката која низ годините неуморно ја испраќа на младите девојки?