За многу граѓани на кои лековите им се од животно значење, ширењето лаги во врска со чудотворни лекови се нехумани обиди кои можат сериозно да им го загрозат здравјето, да имаат долгосежни последици, а со тоа и да влијаат врз животите на овие луѓе.
Дијабетесот е една од најчестите болести на современото општество. Во светски рамки се смета дека има над 200 милиони луѓе со дијабетес, а според Меѓународната дијабетолошка федерација, овој број ќе достигне 350 милиони до 2025 година.
Последните неколку денови е сеприсутна рекламата за SugaNorm продукт, кој наводно е лек за намалување на нивото на шеќерот.
Рекламата е спонзорирана и се шири на Фб платформата, а изворот се неколку веб страници (кои веројатно ги има повеќе) со сомнителни домеини (1. http://www.cpagetti6.com/saqx/?, 2. http://mk2.suganormnd.com/?c=ru).
1. Прв домеин
На веб страницата, се поставени сензационалистички и заведувачки заклучоци,
„Дијабетичарите можат да јадат слатки“
Поставени се и наводни заклучоци од истражувања на корисници за кои нема никаков научен доказ, ниту линкови до друго истражување на кое се повикуваат.
Последниот дел од страницата е посветен на професионалците кои, наводно, работат со потенцијални клиенти кои сакаат да го порачаат продуктот во целиот процес. За професионалците, има поставено 1 слика, краток опис кој звучи примамливо, но во ниеден случај не може да биде кратка биографија за стручно лице, и за некои од нив има коментари од „задоволни клиенти“ кои погодувате, звучат театрално и со огромна благодарност.
Тука е најголемата утка која што креаторите на оваа страница ја направиле.
Сликите личат на рандом одбрани слики од пребарувачот гугл, и со десен клик на сликата за да се најде сликата на гугл, ќе ги пронајдете сите слики од наводните професионалци.
Вака изгледа пребарувањето на првиот професионалец – https://www.google.com/search?tbs=sbi:AMhZZisxNpPdx3agkEAOl1a5BHKDsvlEt-nVi6HJJdK7tMyYaUlAtcMUYDAbVBM0u16UkAxI96vor8hl3Gz9Sfktk_1_1IJBGn0Hicz_1QMiKCTP-2I9zBnCADMFY6lvRqhHk15jNJB4f6M30H6EpIiPM47kTjV7ZgpvZFWq2sUF0HY6g_1PojlI_1R7eTVephnWlXdop3F2bsP3ECHogLaKeu1uJ6H0-7Y1I_1F-97wmKp0g4PGp-pYqeweUCM65E_16-K9U2Y2AtvpkkUlVEx3pe9d8fr21tQJOYQdFPFkJ8UV-uI1r2o7fSTenjVVhU3RZ_1y2tvixTOfEn0h33nhZ0qu5CL7gNPEb7LZRg.
Она до што ние дојдовме со едноставно кликање за пребарување на сликите е следното.
Постои и друга страница, руска, со следниот домеин (http://prime-pharm.ru/normaten/) кој ја има истата содржина како и македонската. Ги има и истите професионалци кои работат, но овој пат, под руско име и руски „задоволни клиенти“.
И вториот македонски домеин http://mk2.suganormnd.com/?c=ru е копија на руски домеин http://a.glukonn.ru/.
Повторно, ист дизајн, исти заклучоци и двојни професионалци кои стојат позади наводната ефикасност на продуктот.
Не е ни преголема коинциденција па двојници професионалци да работат на истиот продукт, ниту пак овие професионалци имаат браќа и сестри близнаци во Македонија, туку се работи за манипулација.
Дополнително, она на што сакаме да ве предупредиме се и ФБ профилите кои веројатно ги има повеќе (https://www.facebook.com/pages/category/Health-Beauty/Suga-Norm-Macedonia-109317447154505/-). Пробавме да ги исконтактираме за да го оцениме начинот на кој што оди нарачката. Фб профилите имаат автоматска порака која што ве насочува кон веб страницата, и не дозволува никаква консултација, ви ги бара вашите податоци, за да бидете контактирани од страна на вешти онлајн продавачи. Заштитете ги вашите податоци. ФБ страна која што нема ниту едно допаѓање е доволен податок за вие да се посомневате и прво да анализирате пред да оставите било какви податоци.
Проверете ја страницата пред да направите било каква порачка. Проверете ги контакт податоците. Доколку на страницата не се наведени контакт податоци или други податоци за компанијата, но и доколку се наведени меѓутоа ви изгледаат сомнително, проверете. Ќе ви одземе минута-две да ги проверите телефоните или фотографиите со пребарување на пребарувач.
И запомнете, пред да земете било каков лек, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Информирајте се само од официјални извори.
You must be logged in to post a comment.