ЗОШТО ЛИ ЛАЖАТ?

Новости Обуки

Сомнителна статија
иста таква и фотографија.
Се прашувам зошто луѓето ова го прават
И со лажни вести не мамат.

Безброј прашања ме мачат,
чии одговори многу ми значат.
Но кој ли ќе ми каже
зошто некој би сакал да не лаже.

Можеби досадно му e,
а може зад досадата и нешто друго се крие.
Внимание ли сака
па се труди да го постигне без мака,
или пак му требаат пари
да си купи ново ферари.

Ете не знам зошто опседната сум со ова,
веројатно зашто некој лажни вести пак ни кова.
И што да правиме луѓе со овие ковачи на лажни вести,
чии објави се и повеќе од чести.

Мора нешто да направиме,
крај на сето ова да ставиме.
Мислам и мислам, и решение нема,
тие и натаму ќе си тераат своја шема.

Но мора ли да веруваме ние,
да им го пружиме нашето внимание.

За среќа има неколку правила важни
за препознавање на вестите лажни.

Авторот што зад статијата стои,
и се труди да ги добие лајковите твои,
откриј го веднаш ти,
и само така сигурен ќе си.

Зошто е објавено да се запрашаме треба
за да не креваме лажна тревога.
И што ли е напишано во статијата лажна,
дали таквата информација ни е навистина важна?

Немам повеќе што да додадам јас,
да одлучите оставам на вас.
И за крај уште еден совет мој
кој се надевам ќе биде корисен во животот твој.


ВЕРУВАЈ, НО СЕКОГАШ ПРОВЕРУВАЈ!

Автор: Михаела Седлоска