Во интервју за ОТВ, репортерката Теона Крстеска разговара со кустос Лекса Преш за мотивите за сликите на Никола Мартиноски и техниката со која тие се направени. Мартиноски сликал слики во живо, од секојдневието, разни имендени, слави, жени доилки.Тој користел масло на платно, која е една од најтешките уметнички техники, бидејќи се црта негатив, за да се добие позитив. Некои од најпознатите негови слики се: Ајше, пастрмките, именден, жени доилки итн. Голем дел од сликите Мартиноски ги подарил, а добар дел од нив се и продадени, ги има во многу домашни куќи во Крушево, во Скопје, во собранието на Македонија, како и низ светот, во Мексико, Аргентина итн. На својот роден крај, на Крушево, Мартиноски му подарил 62 слики масло на платно, кои се сега во галеријата.
Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.
Слики од галерија
Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.
You must be logged in to post a comment.