Во прилог за ОТВ, репортерката Сања Дамеска го посети новогодишниот панаѓур кои го организираа учениците заедно со своите наставници во ОУ „Гоце Делчев“ Прилеп. На овој новогодишен панаѓур, кој се одржува традиционално, учениците со своите родители и наставници изработиле разни украсни и предмети и истите ги продаваат. Воедно во овој прилог ни ги честитаат новогодишните празници.
Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.
Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.