ОТВ – Лекот е пет пари ама треба да го најдеш

Новости ОТВ

Во интервју за ОТВ, репортерката Теона Крстеска разговара со браќата Кико и Дејан Ачкоски, познавачи на лековити билки,  околу познавањето на лековитите билки, нивната употреба, колку младите покажуваат интерест кон ова познавање и вештина, и како што гласи нивното мото: Лекот е пет пари ама треба да го најдеш.

Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.

Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални  и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.