ОТВ – Локален економски развој во Крушево и акциони планови: колку се спроведуваат?

Новости ОТВ

Во интервју за ОТВ, репортерката Маја Преш разговара со Коста Мицкоски, претставник на Општина Крушево, за локалниот економски развој, за акционите планови, колку се искористува брендот на Крушево како највисок град на Балканот и теренот за параглајдеризам за привлекување на туристи.

Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.

Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални  и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.