Во интервју за ОТВ, репортерката Теона Крстеска разговара со Рубин Аризанкоски, Здружение „Достоинствен работник“, околу мисијата на организацијата, скратените работнички права во Македонија и поголемите права на работодавците. На терен се увидува дека има неостварување на законските регулативи, поточно во законот за безбедност при работа. Како најава за наредната година, здружението „Достоинствен работник“ во соработка со локалната самоуправа Прилеп ќе работи на формирање економско социјален совет кој што е многу важен сегмент за остварување на работничките права.
Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.
Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.