Во интервју за ОТВ, репортерот Давор Петровиќ разговара со Мартина Билјаровска, координатор на проект „Рурално и мало новинарство преку ОТВ“. Низ разговорот ќе откриете кои проблеми биле поттик за почеток на ваков проект, за воспоставувањето на теренската мрежа на репортери и идни планови за одржливост. „Ако земеме во предвид дека во Македонија немаме дописници на најголемите ТВ куќи, факторот одржливост не е во прашање. Прашање е истрајноста на младите кои се обучуваа, колку успеавме ние да ги сензибилизираме за да издржат и да се челичат во една медиумска борба“ – потенцира Билјаровска.
Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.
Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.
You must be logged in to post a comment.