Во склоп на проектот „Рурално мало новинарство преку Отворена Телевизија“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, во имплементација на АГТИС од Прилеп, се одржа обука за граѓанско новинарство преку креативни работилници. На обуката учество зедоа млади од четирите општини Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени. Меѓу другите едукатори, креативни работилници одржа и новинарот Горан Величкоски од познатата емисија „Зевзекманија“. Тој се осврна на процесот на креирање на прилози, на значењето на новинарството како седма сила и ги потсети младите дека насекаде околу нив има теми на кои што може да се изработат прилози, само треба убаво да се отворат очите.
Преку креативните работилници младите, добија насоки и знаења како да ги откријат темите кои се околу нив да креираат прилози кои ќе бидат понудени на јавноста навремено и објективно.