Во интервју за ОТВ, репортерот Давор Петровиќ разговара со Моника Талеска, односи со јавност на Општина Прилеп околу начинот на кој функционира еден оддел за односи со јавност, неговите надлежности, дали општината има доволно стручен кадар за извршување на овие надлежности, како и што значи самата професија новинар – дека пред се, мора да бидете социјално одговорни, раководени од правдата, достоинството и вистината, без спинување, лажни вести и прикажување на една розова реалност.
Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.
Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.