Во прилог за ОТВ, репортерката Ангела Кочоска присуствуваше на новогодишен концерт од хуманитарен карактер во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ – Прилеп. На концертот се претставија уметници со 26 точки. ОТВ секогаш ќе биде на терен за да ги поддржи ваквите хуманитарни настани и да даде поддршка за лицата кои имаат потреба од помош.
Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.
Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.