На почетокот од декември во Крушево се одржа обука за граѓанско новинарство или новинарство на мали приказни, дел од проектот „Рурално и мало новинарство преку Отворена телевија“, финансиран од Амбасадата на САД во Македонија, а го спроведува АГТИС. Корисници на обуката беа млади од 4 општини во пелагониски плански регион кои каде што учествуваа млади лица кои имаат амбиција да станат регионални репортери.
На обуката, еден од едукаторите беше и новинарот Горан Величкоски од Зевзекманија. Тој одржа интерактивна работилница со младите репортери за вежба со формулирање и поставување на новинарски прашања. Тој напомена и дека правилно прашањата треба да бидат поставени полека и со претходно истражување за да се демонстрира подготвеност за темата за која што се поставуваат прашања.
Величкоски се осврна и на моментот за самодоверба, спремност, и храброст за да бидете новинари. Новинарите не смеат да се плашат да прашуваат, затоа што нивна работа е да дознаат повеќе.