ОТВ – Вистината ја гради публиката, новинарот ги утврдува фактите

Новости ОТВ

Во склоп на проектот „Рурално и мало новинарство преку Отворена телевизија“ во имплементација на АГТИС, на почетокот на декември во хотелот Монтана во Крушево, се одржа обука за граѓанско новинарство.

Еден дел од обуката беше и заедничка работилница на која учествуваа градоначалниците на Прилеп и Крушево, институционални и НВО преставници. Модератор на работилницата беше Сашо Орданоски, кој потенцираше дека во центарот на новинарството е наративот. Добрата приказна вредни најмногу.  

Мрзливите новинари читаат сопштение со статични снимки од канцеларијата на градоначаликот. Според Орданоски, новинарството е занает, и се занимава со факти, на кои што им се дава контекст. Вистината ја гради публиката, а задачата на новинарот е да ги утврди фактите.