Во интервју за ОТВ, репортерката Фатлинда Исламоска разговара со кустос Лекса Преш за сликите на Мартиноски во галеријата. Една од темите кои Мартиноски често ги обработувал се сцени од секојдневниот живот, дадени со повеќе фолклорни карактеристики. На неговите слики е претставена модата на помладите, „а ла франга“ и модата на постарите, кои имале свој стил наречен антерии. Машките и женските фигури ги претставил во народни носии, неизнасилено, но без особени амбиции. Потоа следуваат и низа слики со „мотиви од Крушево” каде пореалистичниот третман е забележлив во првите дела, а експресионистичкиот во подоцнежните. Во некои од овие дела посебно интересни се приказите на личности и обичаи од крушевската средина како „визити”, „свадби”, „слави” и сл. Овие сцени со многу фигури во народни или модерни облеки, се сместени во крушевските куќи, со сите нивни специфични детали. Крушево е град со богата традиција и почит кон постарите, па секогаш на семејните прослави на чело на масата седел најстариот член на семејството.
Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.
Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.
You must be logged in to post a comment.