ОТВ – Гостинска одаја, прва фотографија на Крушево и каминот како значаен дел од архитектурата

Новости ОТВ

Во интервју за ОТВ, репортерката Ирена Блажеска разговара со кустос Даница Јанакиеска. Тие се наоѓаат во етонолошката одаја за гости или гостинска одаја, во која има и облека. Крушевчани биле трговци, тргувале со најразлични материјали, свили од Египет, Австрија, Франција и оттаму доаѓале сите влијанија на облеката. Најчесто жените се облекувале со декоративни елементи. Исто така, во оваа одаја е и фотографија на Крушево, која се смета за прва фотографија на Крушево, и е насликана пред Илинденското востание.

Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.

Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални  и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.