ОТВ – Вишок од кадар и недостаток од механизација

Новости ОТВ

Во телефонско интервју за ОТВ, репортерката Фатлинда Исламоска разговара со Ајет Асаноски, претставник од Општина Долнени, околу состојбата во комуналното претпријатие, вишокот од кадар што се должи на недостатокот од механизација и колку населението допринесува кон борбата против загадувањето.

Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.

Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални  и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.