ОТВ – За единствената институција која располага со сите податоци во текот на животот на еден човек

Новости ОТВ

Во интервју за ОТВ, репортерот Стефан Благадушоски разговара со Здравко Тодороски, претставник на матичната служба во Прилеп, за работата на единствената институција која располага со сите податоци во текот на животот на еден човек, матичната служба.

Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.

Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални  и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.

ЛИНК

Новинар: Стефан Благадушоски
Камера:  Сања Дамеска
Монтажа: Сања Дамеска и Раде Дамјаноски
Фотографија: Мартина Билјаровска