Донатор: Европска Унија
Проект „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиските средства“
Проектот цели кон развивање на иновативен модел за соработка на граѓанските организации со деловниот сектор, преку градење на капацитетите кај граѓанските организации (ГО) да даваат услуги на деловниот сектор со што би се подобрила финансиската одржливост на граѓанските организации.
Фази на проектни активности со стратешки цели:
I. Промоција на сертификат „Фер со Потрошувачот“ пред компаниите и потрошувачите во локалната средина
II. Анализа на локалниот пазар за сертификатот и идентификување заинтересирани компании
III. Верификување на исполнетоста на сертификациските критериуми кај заинтересираните компании и поддршка за да ги направат потребните измени во своето работење.
Долгорочни влијанија:
За граѓански организации
-
- подобар однос со деловната заедница;
-
- зголемена разновидност на изворите на финансирање;
- зголемено влијание врз заштитата на потрошувачите и животната средина.
За деловна заедница
-
- препознатливост по фер однос кон потрошувачите и животната средина;
-
- намалени издатоци за глоби и судски трошоци од спорови со потрошувачи;
- подобро разбрани потреби на потрошувачите.