Училиштата не се булинг инкубатори

Новости Проекти Тековни

Донатор: Амбасада на САД во Македонија
Времетраење на проектот: Ноември 2024 – Декември 2025

Целта на проектот Проектот цели на адресирање на училишната социјална нетолеранција, стигматизација и консеквентното насилие  меѓу учениците, преку (1) јакнењето на свесноста на школските стејкхолдери и (2) капацитетот на училишните професионалци (Социјални работници, дефектолози, педагози и психолози) за проактивно извршување на своите законски обврски од оваа област, во 30 основни училишта во општините Прилеп и Долнени.
Главни проектни активности:  Сите проектни активности ќе бидат Медиски споделени низ стејколдерска насочена кампања (систем на „социјални капсули“) преку Отворена Телевизија (Прва медиска заедница во Југоисточна Европа); Работилници за подигање на капацитетот на целните групи; Припрема и имплементација на обука и видео обука за „социјално одговорна училишна психодрама и role play”; Пилотирање во 12 училиштата со „SHI Работилници“ со ученици;  Редовна програма (ТВ емисии) на ОТВ за промовирање училишни лидери на мислење и јавна едукација и притисок врз таргетната публика и Корисниците за остварување на проектните цели;  Централна работилница со целните и таргетната јавност за институционализација на SHI методологијата и мрежата и пласирање и институционализирање на SHI Policy paper; Креирање емисија за „модел на  SHI“ и медиска дисеминација заради репликација на моделот во други општини.