Обука за општинска ПР служба

Новости Обуки

Видео обуката  со наслов „Јавност на општинската работа“, е наменета за ПР службите на 9 – те општини од Пелагонија, истата е прозведена во раки на проектот „Отворени општини со отворени податоци“, поддран од НЕД.

Предавач и модератор на овај дел од обуката беше Весна Арсовска – Динковска, Советник за односи со јавноста во ЗЕЛС, која и теориски и практично ја објаснување поставеноста на ПР службата во рамки на општината, а потоа модерираше расправа на општинските ПР професионалци, кои ги презентираа моделите на ПР службата во секоја општина, можностите и неможностите, проблемите и институционалното опкружување, кое и тоа како делува на типот на ПР во секоја општина, со оглед на големината и „силата“ на општината.

Оваа обука ќе биде континуирана и ќе продолжи барем уште една година, било со средби во живо – како оваа, било преку онлајн обуки. Како и да е, општините ќе објавуваат и преку мрежата ИРИС, со што ќе се постигнат слични стандарди на информирање и комуникација со граѓаните.