Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка – АГТИС има потреба од ангажирање асистент на пола работно време, кој ќе работи на тековни проекти.
Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:
– Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик
– Одлично познавање на MS Оffice и работа со компјутери
– Одлични организациски способности
– Креативност, динамичност, комуникациски вештини
– Подготвеност за тимска и самостојна работа
– Вештини и течники за изработка на графички и видео материјали
– Работно искуство во граѓанскиот сектор ќе се смета за предност.
Асистентот/ката ќе треба да ги извршува следниве задачи:
– Поддршка на проектниот тим
– Организирање средби и настани, и активно вклучување во истите
– Промоција на проектите
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и мотивациско писмо на следната електронска адреса: agtis@agtis.org.mk најдоцна до 14.05.2021 година со назнака „За проектен асистент“. Селекцијата на кандидати ќе биде спроведена по принципот на спроведени интервјуа.