Корупцијата е безвреманска категорија. Карактеристично е што при корумпирањето, лицето, кое прима поткуп има званична функција, неговата работа е регулирана со закон, која забранува да врши дејствија во корист на трети лица, ако тоа не е законски позитивно нумерирано, како дејствие кое е дозволено.
Историски гледано, корупцијата е редовна состојба скоро во сите општества. Дури и во стариот Египет се подразбирало дека за остварување на било какво право, “странката” морала некому да плати. Има примери кога “тендерите” за градежен камен за пирамиди и споменици ги делел главниот архитект, а фараонот тоа го знаел, а не реагирал на таквата “природна состојба”. Во една прилика еден архитект и еден добавувач се обезглавени заради лошиот градежен камен. Не заради корупцијата, туку заради слабиот квалитет на каменот.
Секако, чесноста и тогаш била високо ценет квалитет, па кадри се одбирале спрема семејствата, иако има многу примери на млади без “педигре” кои досегнале високи функции заради докажана чесност. Овој систем е сериозно нападнат во Отоманското Царство, кога Султанот Фатименмед удавил оџи и собирачи на данок кои “краделе од него”.
Западната цивилизација прва ја сватила погубноста на коруптивните модели и ја запоочнуваат борбата со корупцијата, не што многу биле загрижени за народот, туку го откриле “ефектот на претекување” на корупцијата насекаде. Основа на таквите државни реформи се воведувањето на професионалност во државниот апарат, па потоа компетентност и на крајот морален интегритет, но и контрола како внатрешни институционални регулативи, кои ги обезбедуваат инспекциски служби, и како државна ревизија.
Сепак, увидувајќи дека тоа не е доволно, ја воведуваат и јавноста во контролата, па законски предвидуваат принципи на отчетност и транспарентност и воведуваат баланс помеѓу заштитата на државните податоци и контролата на корупцијата преку обврската на институциите јавно да споделуваат податоци. Овие дејствија на државата, обогатени со закони, кои ја компресираат корупцијата, државни тела за следење и алармирање на случаи на корупција и стручни тела за јавни набавки се обогатени и со слободните иницијативи на НВО секторот и интернационални независни тела.
Како и да е, е-услугите многу помагаат во компресирање на корупцијата и не само заради тоа што не ги среќаваме службениците, туку бараме “безлична” услуга, на која имаме законско право, туку и заради институционалното паметење, затоа што е се запишано, па може и да се провери. Така, самиот систем на е-услуги дава јасен приказ на времето на поднесување на барањето, приложени документи и докази. Така, со документиран процес на добивање услуга, потешко е да бидете доведени во ситуација “да морате да дадете”. Не треба да бидеме наивни дека целиот тој систем не го изигруваат вработените во општините, администрацијата и јавните претпријатија, но битно влијае коруптивните системи да го намали опфатот и жестината на корупцијата. Овој систем, кој не штити од моќници мораме повеќе да го користиме и унапредуваме за “египетските марифетлуци на политичарите, донесувачите на одлуки и други државни службеници да стане минато.