Законот вели дека општинската работа е јавна, независно кој, како и зошто прима плата во општината. Лесно речено – тешко за реализација! Некој треба сите тие информации за работата на службите на општината и општинските јавни претпријатија да ги собере, обработи, да ги претвори во лесна, кратка и поуна информација, да ги објави и да чека реакција од граѓаните. Тоа го прави општинскиот ПР тим, кој е насредина помеѓу граѓаните и општинската администрација и институции.
Затоа беше и првиот дел на обуката на АГТИС и ЗЕЛС, насловена како „Јавност на општинската работа“, која треба да биде континуирана и ќе се одвива барем уште една година во општините на Пелагонискиот регион (9 општини). Оваа обука е споделување на знаења и вештини на лицата, кои се на било кој начин поврзани со информирањето на јавноста, подготовката на отворените податоци, уредувањето на општинските веб страници и општинските социјални медиуми.
Тоа ќе помогне општините да ги поврзе со граѓаните, но не еднонасочно, затоа што граѓаните се потребни и за општинското планирање, за креирање на буџетот и за мониторинг на трошењето општински пари. Веќе без тоа не може и законот (десетина важечки закони) е јасен дека општинските сали мора да бидат полни! Токму затоа, ПР службите овие факти мораат да ги прифатат и својата работа да ја третираат како занает и кариера и да го прифатат својот статус како информатори на граѓаните, кои не се тука само да слушаат и читаат, туку и да дадат свое мислење, а некои од нив и експертиза за разни прашања. Досега тие беа игнорирани или (барем) непоканети, што мора да се смени, затоа што чука часот кога парите од буџетот ќе бидат поврзани со довербата од граѓаните и нема на општините да им даваат пари за проекти од годишната програма на „жими мајка“.
Тоа е начинот, друг нема, па честита да ви е новата граѓанска грижа за своите пари, од која општините веќе не можат да бегаат, туку ќе мора да ја стимулираат. Токму ова беше поентата на проектот на АГТИС со наслов „Отворени општини со отворени подтоци“, кој е финансира од НЕД, а соработници се сите 9 општини од Регионот. Голема благодарност до ЗЕЛС, за својата експертиза и обучувачи.
Проектот е поддршан од НЕД
You must be logged in to post a comment.