Доколку сте вакцинирани симнете го по електронски пат вашиот Сертификат од страната www.vakcinacija.mk

Е-услуга Новости

Министерството за здравство издава потврда со QR code, на македонски и англиски јазик. Сертификат го добиваат сите граѓани што примиле вакцина со ревакцина и имаат потреба од сертификат. Насоките за изработка на овој сертификат се на Европската комисија, каде што предвидоа сет на податоци што ги содржи кодот, односно тој сертификат, а тоа се – име и презиме, датум на вакцина и ревакцина, како и тип на вакцина. Сертификатот, исто така, има и дигитален печат од Министерството за здравство.

Сертификатот по барање на граѓанинот, може да се добие и како потврда и во електронска форма.

Постапка, како сами да си го симнете сертификатот по електронски пат.

1. Министерство за здравство – Апликација за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид 19

2. Одбетете – Најава преку Порталот за е-услуги

3. Најава преку Порталот за е-услуги

(со постоечка корисничка сметка од УЈП)

-Во формата за најава ги пополнувате вашите –

корисничко име

лозинка

НАЈАВИ СЕ

4. Се отвора страната vakcinacija.mk со вашите податоци

– Име Презиме

– Примени вакцини

– Сертификат

ПРЕЗЕМИ СЕРТИФИКАТ

– Кликнете на преземи сертификат

Го имате вашиот СЕРТИФИКАТ

Овај Лифлет е од информативен карактер

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е Footer-NM-MK.jpg