Надлежности на ЕЛС и на локалните испостави на централните институции и зошто не ги исполнуваат, кога имаат пари за тоа
За да можеш да правиш убави прилози, видео застапување, документарци…истражувачки приказни…мораш да знаеш што прашуваш и како да прашаш.
Општината си има свои надлежности. Не можеш од градоначалникот да бараш да вработува. Не е тој биро за невработени или фабрика, па ајде, ќе примаме работници. Тој си работи по закон за локална самоуправа и новинарот треба да го подпрочита. Таму пишува што му се надлежностите. Има општината и свој буџет, што сама си го собира. Еве, како на пример, данокот на имот, некои казни, што издале нешто под закуп, што издаваат некои документи. Главно, не многу, ама заработува, става во буџетот.
Во законот пишува убаво кои се надлежностите: култура, патишта, чистење, ѓубре, спорт, рекреација, даноци, услуги за граѓаните…. Така и се делat парите во буџетот. За ова има олку, за она има толку, за култура има, на пример… 1 милион. Малку, ама има. И секој може да праша: „Градоначалниче, дај да видам што има во годишниот план за годинава?“ Го има и на веб. Мора, со закон e регулирано за да се објави. Треба да се објават и седниците од Советот на општината, тендери, одлуки… Па, те се зголемувале, те се намалувале цени на услуги… те ќе се муабетело за ДУП – ови и ГУП – ови…
Ама, нема време народот да чита се. Еве види. Затоа се новинарите. Тие треба ем да причитаат – ем да прашаат, ако нешто не е јасно, ако е нешто сомнително, ако парите од еден сектор се префрлиле во друг. Оти да не ги искористиш бре, градоначалниче?
Гледај што се случи, гледај.