Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална епидемија, меѓутоа, СЗО не е единствената што има да објави нешто за овој вирус. Ширум светот, на страници кои „никнаа“ преку ноќ, се објавија теории на заговор кои се шират пропорционално со вирусот.
СЗО предупреди на ширењето паника и страв од дезинформациите. Како одговор на ова, големите социјални мрежи Фејсбук и Гугл Социјалните мрежи Гугл и Фејсбук се вклучија во борбата против дезинформациите и работат на нивно селектирање, отстранување и прилагодување на пребарувањето поврзано со вирусот според стандардите на СЗО.
„Се соочуваме не само со епидемија, туку има нов поим, инфодемија и феноменот на лажните вести. На европските влади ќе им порачам и понатаму да бидат подготвени на што е можно повисоко ниво, да ги заштитат здравствените работници кои јас ги нарекувам херои од прва борбена линија и да ги третираат пациентите со емпатија и дигнитет, бидејќи знаеме дека многу негативни ефекти доаѓаат од социјална дискриминација, како и да користат терминологија која сите луѓе може да ја разберат. Задачата на медиумите е не само да ги пренесуваат информациите, туку и да информираат на етички и веродостоен начин“, кажува новиот регионален директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа д-р Ханс Клуге, (Преземено од СДК.МК https://sdk.mk/index.php/makedonija/ni-se-sluchuva-infodemija-vnimavajte-kako-se-informirate-i-tretirajte-gi-zarazenite-so-koronavirus-so-pochit-apelirashe-vo-skopje-direktorot-na-szo-za-evropa/)
Во целата збрка, се појавија и теориите на заговор кои што не претставуваат само обична забава. Тие во вакви услови на светски здравствен ризик прават сериозни штети и предизвикуваат недоверба и дискредитирање на кредибилни извори на информирање. Се чини дека една теорија на заговор од анонимен фејсбук профил со тигар на профилната слика може и тоа како да наштети на десетици официјални соопштенија од официјални надлежни извори.
Во продолжение, некои примери од инфодемијата.
1. Телекомуникациската мрежа 5Г ја предизвикува или ја влошува оваа зараза
Опасноста од 5Г се темели на студија што е веќе побиена, но предоцна за да се запре паниката.
Голем дел корисници на Фејсбук сметаат дека 5Г технологијата го ослабнува имуниот систем на луѓето и ги прави подложни на нови вируси, а некои одат дотаму што сметаат дека коронавирусот се пренесува со зрачењето од оваа технологија.
Колку е опасно ова тврдење и што може да предизвика, заклучете сами, откако ќе ги видите следните снимки каде што во Велика Британија е запалена кула антена од 5Г, и работници кои работат на монтирањето на ваквата технологија се вербално малтретирани додека извршуваат работни задачи.
Снимка од запалена кула антена од 5Г – https://twitter.com/i/status/1245833218634506240
Снимка од вербално малтретирање – https://twitter.com/i/status/1245722007947411458
Бројни научници излегоја со демант за ваквите тврдења, а меѓу нив се бројува и најпознатиот светски микрообиолог Сајмон Кларк од институтот Рединг. Тој објаснува дека мрежата е заснована на радио фреквенции и тоа не создава вирус во никој случај. (Извор: BBC https://www.bbc.com/news/52168096)
2. Во САД уапсен човекот за кој се смета дека го произвел и го продал коронавирусот
Линк до напис на македонска вебстрана – https://republika.mk/vesti/svet/vo-sad-uapsen-chovekot-za-koj-se-smeta-deka-go-proizvel-i-go-prodal-koronavirusot/
Датум на објавување: 05.04.2020
Датум на рецензирање: 09.04.2020
Оваа медиумска содржина не е потпишана од автор. Целосниот текст е следниот:
„во САД е уапсен човекот за кој се смета дека го произвел и ѝ го продал на Кина коронавирусот. Доктор Чарлс Либер, раководител на Одделот за хемија и биологија на Харвард бил уапсен денеска, соопштија американските служби“.
Како дополнение, има линк кој води до твитер профил кој споделил известување од американските служби. Меѓутоа, известувањето е на англиски јазик, нема македонски превод, а доколку го ислушате и ако разбирате англиски јазик, ќе разберетe дека е точно дека нано-научникот Чарлс Либер е уапсен заради криење врски со Кина, која што му плаќала за неговите истражувања во исто време кога тој е платен од американската влада. Никаде не се спомнува дека против докторот има обвинение дека го произвел и продал коронавирусот.
Либер е oбвинет за лажење за учеството во кинеска програма за вработување и поврзаност со кинески универзитет. Тој не е обвинет за шпион и нема врска со новиот коронавирус. (Линк до Проверка на факти – https://www.factcheck.org/2020/02/no-link-between-harvard-scientist-charles-lieber-and-coronavirus/?fbclid=IwAR2fvWHpVR1EDLwxYd-w1aNRtgrTULt53vgbonGZoo0Mx5UfpYF7o5JHJqA)
Институтот пресумпција на невиност е еден од правните темели спрема кој, секој осомничен или обвинет за кривично дело, се смета за невин се додека со правосилна судска одлука не се докаже дека е виновен. Бројни профили на поединци веќе го осудија докторот и го поврзаа со коронавирусот. Профилите на Фејсбук не се место каде што треба да се донесува пресуда.
3. ТЕОРИИ ЗА ВАКЦИНА
Ако добиеме вакцина против коронавирус, нашиот свет ќе стане побезбеден. Науката повторно ќе најде решение и ние ќе можеме да стивнеме, да се опуштиме и кочено повторно ќе можеме да патуваме послободно во светот, барем до наредниот проблем.
Или не е така?
Постојат бројни јавни личности, кои водат различен вид на шоу програми. Васко Ефтов е фриленс новинар и е познат како уредник и водител на политичкото ТВ шоу со наслов Во Центар.
На Јутуб е поставено видео Во Центар: Птиците паднаа на екстерно тестирање од 5Г? Водителот Васко Ефтов во оваа емисија, меѓу другото, зборува и за опасноста од 5Г мрежата, а во еден момент зборува и за вакцината за коронавирусот која што може да содржи кристали со чија помош ќе се контролира човекот, неговите однесувања…
Ставовите изнесени во видеото се исклучиво ставови на авторот. Содржината на тоа видео е единствена одговорност на авторот и на ниеден начин не може да се смета дека ги изразува ставовите на нашиот тим кој работеше на овој напис.
На крајот, сакаме да ве потсетиме на „Нема да верувате, лекот го имаме сите подома“ поврзани со коронавирусот кои што апсолутно не се точни:
1. Дали прскањето на алкохол по целото тело може да го убие новиот коронавирус?
Не. Прскањето алкохол или хлор по телото нема да ги убие вирусите што веќе влегле во вашето тело. Прскањето на таквите супстанции може да биде штетно за облеката или мукозните мембрани (устата, очите). Имајте предвид дека алкохолот и хлорот можат да бидат корисни за дезинфекција на површините, но треба да се користат според соодветни препораки.
2. Дали јадењето лук може да помогне во спречување инфекција со новиот коронавирус?
Не. Лукот е здрава храна што може да има антимикробни својства. Сепак, не постојат докази дека јадењето лук ќе ги заштити луѓето од новиот коронавирус.
Но, ќе ве заштити од физички контакт, нели? 😊
3. Дали пиењето вода на 15 минути може да го измие вирусот?
Не. Научниците велат дека вирусот од воздухот влегува во телото преку респираторниот тракт. Некои од нив може да влезат преку устата, меѓутоа земањето вода нема да спречи некој да се зарази.
Погрешната информација e поопаснa од кој било вирус. Затоа, барајте текстови кои се базирани на докази и факти и кои не се само од еден извор за информирање.
You must be logged in to post a comment.