Со дигитализирањето и достапноста на интернетот, онлајн платформите станаа примарен извор за информирање, особено користењето на социјалните мрежи како Фејсбук, Инстаграм, Твитер итн. Не постои класичен медиум или весник кој не е присутен и онлајн како социјален медиум.
Социјалните медиуми се непресушен извор на информации заради профилите на политичарите, славните, т.н. „инфлуенсери“ итн., и трендот на преземање на информации е присутен се повеќе. Слободно можеме и да кажеме дека голем дел од вестите се креираат врз основа на објава на сoцијалните медиуми.
Прашање е колку се проверуваат информациите пред да се објави вест пред другите?
Напис 1. Инстаграм ја цензурираше Јелена Ѓоковиќ: Шири лажни вести за коронавирусот
Линк до оригинален напис –
https://www.slobodenpecat.mk/instagram-ja-czenzurirashe-jelena-gokovik-shiri-lazhni-vesti-za-koronavirusot-video/
Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ се соочи со цензура од страна на Инстаграм поради ширење на лажни вести поврзани COVID -19 и 5Г мрежата.
Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Јелена пред неколку денови на својот Инстаграм профил споделила видео во кое таа објаснува дека,
„Многу видеа кружат деновие околу дебатата за моменталната ситуација со коронавирусот, причините, лековите, превенцијата…Ако имате време, ве молам погледнете го ова видео и кажете ми ги вашите размислувања. Дали некој го препознава човекот?“.
Видеото ширењето на короната го поврзува со 5Г мрежата. По неколку денови, Инстаграм постот го цензурираше дека е проверен и дека се работи за лажна вест (Погледнете ја сликата погоре, лево).
Не е спорно дека спортистите се моќни луѓе и дека привлекуваат големо внимание, а ни нивните семејства не се изоставени. Многу луѓе ширум светот ги следат нивните профили од најразлични причини – за забава, од идолизирање, често ги следат и ги копираат нивните постапки. Видеото кое го поставила Јелена, може да предизвика многу луѓе кои ја следат да поверуваат во кредибилитетот, само затоа што се поддржувачи на нејзиниот сопруг, и нема да ја оценат објавата објективно. Субјективноста НЕ е составен дел од критичкото анализирање на објавите.
Напис 2. ЗОШТО МЕДИУМИТЕ КРИЈАТ ВАКВИ РАБОТИ?
Линк до оригинален напис: https://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/zoshto-mediumite-krijat-vakvi-raboti
Датум на објавување: 05.04.2020
Датум на рецензирање: 11.04.2020
Оваа медиумска содржина не е потпишана од автор. Текстот е оскуден, скоро и да го нема, има само новинарски коментар/прашање на крајот,
„И кои ќе бидат овластени сервисери за тоа приемниците????“
Написот се однесува на следниот скриншот од ФБ коментар од лице на кое индентитетот му е скриен.
Насловот е сензационален и кликбејт, кој ќе ве натера да кликнете. Оваа објава тешко и да може да се нарече медиумска содржина, а мореме и да споменеме дека веродостојноста на порталот офф.нет е дискутабилна. Напис кој нема да ве одведе до истражување за наводно, доказите за ваквите тврдења, слободно можете да го заборавите во истиот момент кога несреќно сте налетале на него за да го прочитате.
Сепак, го зедовме овој пример затоа што ваков вид на напис може да биде корисен доколку се дадени повеќе информации и доколку јасно е назначено дека се работи за иронично раскринкување на текстот кој што е напишан во ФБ коментарот.
Понатаму, авторот на овој текст можел да повика на воздржување од пласирање на сензационализми, баш спротивно од она што го направил самиот во повикувачкиот тон на насловот, за кој што требало да се консултира и со Кодексот на новинари, член 8:
„Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми“.
You must be logged in to post a comment.