Ни хомофобијата не остана имуна на коронавирусот – се отвора посебен круг во пеколот за автори на лажни вести

Новости Обуки

Хомофобија (од грч. homós што значи ист и phóbos што значи страв) е ирационален страв, омраза, предрасуда или дискриминација кон лицата со хомосексуална ориентација, вклучувајќи ги и лицата кои се така перцепирани.

Предомислувањето на општеството за сексуалната ориентација беше кристализирано во поимот хомофобија, кој хетеросексуалниот психолог Џорџ Веинберг го изнесе во доцните 1960-ти години. Веинберг го употреби зборот ‘хомофобија’ за да го означи стравот кај хетеросексуалците да бидат во блиски кругови со хомосексуалците, како и противењето на хомосексуалците кон самите себе си.

Хомофобија: недостиг на чувство на љубов за припадниците на сопствениот пол и последична омраза на таквите чувства кај другите… верување во неодвоивата супериорност на еден облик на љубов која поради тоа треба да доминира.
(Одри Лорд)

Крајно непрофесионално и неетички е што во моменти како овие, кога целиот свет се обединува за да го искорени коронавирусот, се даваат хомофобични обвинувања дека ЛГБТ заедницата го предизвикала коронавирусот, за што нема никакви потврдени научни докази.

И покрај тоа, и покрај фактот дека уште долго ќе се занимаваме со хомофобија, некои медиуми „го подигнаа“ ова на повисок степен. Искористија хомофобична изјава и му ја препишаа на израелскиот министер за здравство. За лајкови, за споделувања, за сензационализам.

ПРЕСС 24: Израелскиот министер кој коронавирусот го нарече „господова казна против хомосексуалците“ позитивен на Ковид-19

Линк до оригинален напис: https://press24.mk/izraelskiot-minister-koj-koronavirusot-go-nareche-gospodova-kazna-protiv-homoseksualcite-pozitiven

Датум на објавување: 07.04.2020
Датум на рецензирање: 08.04.2020

Оваа медиумска содржина не е потпишана од автор. Текстот го кажува она што е во насловот

„Израелскиот министер за здравство Јаков Лицман кој пред неколку недели коронавирусот го нарече „господова казна против хомосексуалците“ е позитивен на Ковид-19“,

 и е додадено дека вирусот го добила и сопругата на израелскиот министер за здравство и двајцата се во карантин.

Оваа вест молскавично беше споделена и на бројни интернационали страници. Во продолжение, некои од нив, не би сакале да ви ги претставиме сите (што не е ни возможно), но исто така не сакаме и да им ја зголемуваме гледаноста на страници кои шират лажни вести. Линковите се ставени како наш мерлив и видлив индикатор за објавата на лажната вест,  не за нивна промоција.

Pink News: „Најхомофобичниот“ министер во Израел, кој смета дека сите ЛГБТ луѓе се грешници, e позитивен на COVID-19 (Оригинален наслов: ‘Most homophobic’ minister in Israel, who thinks all LGBT people are sinners, tests positive for COVID-19)

Линк до напис: https://www.pinknews.co.uk/2020/04/07/israel-health-minister-coronavirus-punishment-homosexuality-positive-covid-19-yaakov-litzman/?fbclid=IwAR2DGIij3SCHcgEYwqQc-YbkaqIFs860sMYMht17danY0FE20YW-uwZ0vc8

The Hindu Business line: Израелскиот министер кој го нарече вирусот боженствена казна за хомосексуалци тестиран позитивен на вирусот

Линк до напис: https://www.thehindubusinessline.com/news/world/covid-19-israel-minister-who-called-virus-divine-punishment-for-homosexuals-tested-positive/article31286405.ece

Mirror: Израелскиот министер за здравство е позитивен на COVID-19

Линк до напис: https://www.mirror.co.uk/news/world-news/health-minister-tests-positive-covid-21828523

Иако е точно дека постојат екстремни и хомофобични изјави од некои тврди религиозни водачи со различна вера во врска со коронавирусот, но Рабинот Лицман не е меѓу нив. Уште повеќе, ако израелскиот министер за здравство даде ваква изјава, тоа ќе предизвика бунт во Израел. Приказна од ваква природа сигурно би направила топ наслови во израелскиот печат, вклучувајќи ги многуте професионални страници за вести на англиски јазик на кои лесно пристапуваат новинари ширум светот.

Овој напис е школски пример и несреќна демонстрација за тоа колку е лесно да се шират лажните вести од нелегитимни извори.

Од каде потекнува изворот? Изворот е пакистански сајт чија позадина е сомнителна и често се поврзува со хомофобичната партија Јачад.

Ултра-православен рабин, поранешен лидер на хомофобичната партија Јачад од Израел изјавил дека сегашното појавување на коронавирус, или Ковид19, се случува заради парадите на гордоста. Во дебата во саботата, рабонот Меир Мазуз ги обвинил ЛГБТ заедниците за ширење на вирусот, пренесува Израел Хајом, пакистански сајт. https://nayadaur.tv/2020/04/israel-health-minister-who-termed-coronavirus-divine-punishment-gets-coronavirus/

Сите горенаведени написи се косат со професионалниот принцип на однесување на новинарите:

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.

Сите горенаведени написи се косат со повеќе принципи и етички вредности од Кодексот на новинари, и тоа:

8. Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

10. Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).