Локални Е-услуги

Е-услуга Новости

Граѓаните секогаш треба да добиваат квалитетни, навремени информаци и услуги, а за сето тоа, локалните самоуправи треба да се на страната  на граѓаните и да се трудат да ги подобруваат услугите кои им ги нудат на своите граѓани. Со брзиот напредок на информатичките технологи и дигитализацијата, се повеќе од класичните (традиционалини) услуги се заменуваат со Е-услуги.

Се со цел да се биде во тек со новините и дигитализацијата, дел од услугите кои ги нуди општина Прилеп сега може да се најдат на едно место „Е-Услуги“, на нивната веб страна.

Во категоријата https://www.prilep.gov.mk/e-uslugi/ – можете да се информирате: кои документи треба да се достават, кои се роковите, колку чини услугата, или дали можете воопшто, целосно да ја добите бараната услуга по електонски пат.

Кои се предностите на Е-услугите,

Нема потреба од:

  • Прашање по шалтери, затоа што имате прецизни упатства како да добиете една услуга;
  • Лутање од шалтер до шалтер („шалтерски лавиринт“);
  • Чекање по шалтери и турканици;
  • Да барате да излезете од работното место за да завршите работа;
  • Да барате „пријател“ за побрзо да „завршите работа“;
  • Да трошите време со одење на шалтер, посебно кога времето ви е најдрагоцено („работно време“);
  • Да барате броеви на КП, податоци од лична карта, адреси и таму на шалтер да пополнувате;
  • Да трошите пари за паркинг, гориво за доаѓање од село или билети за превоз…..

Покрај тоа што можете да се информирате или да си завршите некоја од услугите по електронски пат, кои во моментов се достапни, исто така можете и да го искористите вашето право и да пријавите проблем преку Е-услугата – „Пријави проблем“.

Ние можеме да пријавиме некој проблем: Дупка на патот, шахта, депонија, ….барање за нова светилка, а општината треба да го реши тој проблем во законски рок, зато што општината треба да е на страната на грѓаните!

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е Footer-NM-MK-1024x191.jpg