Повик за теренски инструктори

Е-услуга Новости

Повик за теренски инструктори

АГТИС објавува повик за 3 (три) теренски инструктори за спроведување активности во рамките на Мобилениот центар за Е- услуги. Овој повик е дел од проектот „Е-услуга како самопослуга“, кој се грижи  пошироката јавност да ја разбере дигиталната агенда и да ја зголеми употребата на е-услуги.

Активностите се состојат во реализација на 20 патувачки инфо сесии на 20 различни локации во Општина Прилеп и Општина Долнени, за едукација и информирање на граѓаните за користење Е – услуги и нивна поддршка за подобрување на личните дигитални вештини.

Должности и одговорности на теренските инструктори

  • Учествуво на обука, за извршување на задачата;
  • Учество во други активности и настани за стекнување вештини;
  • Организирање на средбите со граѓаните;
  • Промовирање на е-услугите
  • Реализација на 20 – те патувачки инфо сесии, каде на граѓаните ќе им дадат поддршка за користење е-услуги и да им помогнат за подобри дигитални вештини;

Критериуми за оценување:

  • Кандидтите треба да имаат добри комуникациски и презентациски вештини;
  • Да се полнолетни;
  • Да имаат желба и подготвеност за работа на терен;
  • Да имаат вештини за планирање и организирање на настаните;
  • Основно познавање на апликациите за користење електронски услуги;
  • Основно познавање на MS Office;
  • Претходното искуство  ќе се смета за предност;

Селектираните теренски информатори  ќе бидат ангажирани во период август-  септември 2021. 

За ангажманот предвиден е финансиски надоместок.

Заинтересираните кандидати треба да достават кратко мотивациско писмо (не подолго од една страна) и CV најдоцна до 08.07.2021 на agtis@agtis.org.mk  со напомена: „Пријава за теренски инструктори“.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

За дополнителни информации за повикот можете да се јавите на тел: 048 432 432