Одејќи по институции за да си оствариме некое право и да си завршиме работа, често ни се случува да слушанеме, ви фали документ, донесете го уште овај документ, испечатете го во 5 примероци, дојдете утре, дојдете… , донесете …… ??? И на крај после многу месеци „шетања“ од шалтер до шалтер, среќни и со надеж дека конечно сте успеале да си го добиете потребниот документ, се поднаведнувате (понизно) пред шалтерот да си го земете фамозниот документ и од другата страна на шалтерот слушате „МУ ПОМИНАЛ РОКОТ“ на документот, треба да ја повторите постапката.
Можеби вам ќе ви текнат уште многу многу вакви догодоштини, непријатни ситуации со кои сте се соочиле одеќи од шалтер до шалтер.
Но! Единствено за да се спасиме од сето ова е: воведување на е-услуги, подобрување на постоечките е-услуги на https://uslugi.gov.mk/ , на поталите од институциите, на веб страните од општините, секако неизбежна е и едукација на населението за користење на истите! Оваа активност е дел од проектот „Е-услуга како самопослуга “ АГТИС го спроведува во рамките на проектот финансиран од Европската Унија Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda. Целта на проект е сензибилизирање на пошироката јавност за можностите на дигиталната агенда и употребата на е-услуги.