НАПИС 1:
РЕПОРТЕР: Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција за семејно насилство
Линк до оригиналниот напис: Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција за семејно насилство
Датум на објавување: 21 март 2020 г.
Датум на рецензирање: 31 март 2020 г.
Оваа медиумска содржина не е потпишана од автор. Објавена е на 21 март 2020г., и во текстот се вели дека познатата српска пејачка Јелена Карлеуша го пријавила нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ за семејно насилство.
Насловот е давање јасен заклучок дека Карлеуша е жртва на семејно насилство. Во текстот се повикуваат на извор од српскиот жолт печат Блиц, кој важи за портал кој често жири скандалозни лажни вести. Како дополнение, во текстот нејзиниот сопруг е насловен како „поранешен“ што е ширење дезинформации за брачната состојба на двојката, која иако не е спорно дека во последниот период имаше турбулентен период, за кој самата Карлеуша се огласуваше на своите социјални портали, не е вистина дека тие двајца се разведени. Текстот децидно кажува пејачката им кажала на надлежните органи дека подолго време
„трпи насилие од Душко, а лекарска помош не добила“.
За ова, исто така авторот на текстот се повикува на српскиот Блиц, но доколку проверите на линкот ќе забележите дека нема цитат од ниту еден кој би можел да извести за тоа, ниту пејачката, ниту надлежните органи, ниту лекарите.
Понатаму, медиумската содржина уште повеќе ја заплеткува ситуацијата и дава новинарски коментар дека пејачката нема видливи повреди на неа. Ваков заклучок може да се даде само ако е направена репортажа, каде што новинарот/репортерот е на терен заедно со пејачката и го увиди тоа од изгледот на пејачката и ако добие усмена согласност од неа дека таа нема повреди.
Текстот продолжува со,
„полицијата веднаш излегла на терен да го истражи случајот“,
за што не е наведено ниту извор на информација од надлежните органи ниту било каков доказ, како фотографија или видео кои би го поткрепиле кажаното. Дури и да имаше фото или видео доказ, сепак треба да се побара информација од надлежните органи за која причина е повикана полицијата.
На крајот, медиумската содржина потсетува на минатогодишната афера на пејачката, која бурно излезе во медиумите и предизвика лавина коментари. Семејното насилство е горлива тема, за која треба внимателно да се известува, и е крајно неетички да се алудира на минатогодишни афери кои би биле причина за семејното насилство.
Семејното насилство е меѓучовечка појава кога одреден член на семејството, партнер или поранешен партнер, физички или психички се обидува да доминира врз другиот. Семејното насилство често се однесува на насилство меѓу брачните другари или малтретирање на брачниот другар, но исто така може да вклучува партнери кои живеат вонбрачно и интимни партнери кои не се во брак. Семејното насилство се појавува во сите култури; луѓе од сите раси, етнички групи, религии, полови и класи можат да бидат извршители на семејно насилство. Семејното насилство се извршува и од мажи и од жени.
Одговорот на семејното насилство е вообичаено со здружени сили на агенциите за стапување на сила на закон, судовите, општествено-службените агенции и агенции за исправање на грешки и условно ослободување. Медиумите исто така треба да се придружат во одговорот против семејното насилство и да не дозволат скандалозни алудирања на неморал кој би завршил со насилство. Покрај сензационалниот наслов, направени се претпоставки без да се знаат вистинските причини за настанот.
За сузбивање на дезинформацијата, се огласи и лично пејачката Карлеуша.
НАПИС 2:
ВИСТИНА: „Полицијата постојано кружи околу нашата куќа“: Карлеуша се огласи по шпекулациите дека Душко ја претепал! (фото)
Линк до оригиналниот напис: „Полицијата постојано кружи околу нашата куќа“: Карлеуша се огласи по шпекулациите дека Душко ја претепал! (фото)
Датум на објавување: 22 март 2020 г.
Датум на рецензирање: 31 март 2020 г.
Оваа медиумска содржина не е потпишана од автор. Објавена е на 22 март 2020г., и во текстот се даваат информации за претходната дезинформација дека полицијата кружела околу куќата на српската двојка заради пријава за семејно насилство.
Насловот одговара на медиумската содржина. Како дополнение, медиумската содржина е поддржана со скриншотови од пејачката на нејзиниот инстаграм профил, каде што таа објавува слики од својот сопруг каде што прави предизвик со тоалетна хартија, и известува дека се во изолација бидејќи неодамна сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ, се вратил од Кина, и тоа е и причината за полициската контрола.
Во продолжение, погледнете го доказот и изворот на информации.
Уште еднаш, ги повикуваме медиумите и порталите на одговорно известување.
„Одговорното известување може да го подобри начинот на кој се сфаќа насилството, да им помогне на жртвите или роднините на жртвите на насилство да бараат правда, да ги охрабрат жртвите да бараат поддршка и да ги едуцираат другите во духот на правната одговорност што следи за оние кои вршат насилство врз едно или повеќе други лица во семејството. Новинарот за да го третира проблемот, мора сам да има познавања за истиот.
Секоја лоша статија во вестите за семејното насилство е пропуштена можност да се спречат повеќе слични случаи, дури и со изгубени животи“ – Фатлуме Дервиши
(Извор: Начинот на кој се пишува за семејното насилство директно влијае врз бројот на случаи)
You must be logged in to post a comment.