На почетокот на декември во хотел Монтана во Крушево, се одржа повеќедневна обука за граѓанско новинарство и техники за Community Reporting (Известување на заедницата). Оваа обука беше дел од проектот „Рурално и мало новинартство преку Отворена телевизија“, поддржан од Амбасадата на САД, а го спроведува АГТИС од Прилеп. На обуката активно учество зедоа 12 млади од општините на пелагониски плански регион: Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени.
На обуката воведно обраќање имаше преседателот на АГТИС, Александар Цветкоски, кој ги поздрави сите учесници и ги насочи да се претстават на еден необичен начин, со што им ги покажа контурите на моќта на омажот и наративот. Цветкоски објаснува како да го насочат интервјуто во една или во друга насока, каква е атмосферата во која се одвива интервјуто и така натаму.
Преку необичен и интересен метод младите имаа за задача да се претстават едни со други, во парови, преку двоминутно интервју со цел нивно запознавање и вежба за новинарско претставување на соговорникот.