ОТВ: Сефер Тахири: 3 професии како мисии за допринос кон општеството и 1 движечко мото

Новости ОТВ

Во интервју за ОТВ, репортерите Бесарта Адеми, Фатлинда Исламоска и Блеранд Ќамили разговараа со Сефер Тахири, новинар, универзитетски професор и јавна личност. Низ разговорот ќе откриете какви биле почетоците на првиот албански медиум во Македонија, динамичниот живот со брачната партнерка со која Тахири дели иста професија, и кое е движечкото мото кога на студентите им го предава не само знаењето, туку и професионалното искуство.

Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.

Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални  и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.