Промоција на вториот роман од Билјана Тинтоска – „Каде што реката го бакнува небото“.
… Научив дека да се биде сакан не значи ништо, а да се сака – сѐ“ – имав прочитано некаде и тогаш, кога првпат те сретнав, ова за мене беше нешто незамисливо, неверојатно. Сега, кога сум принуден да се разделам од тебе, кога немам избор, ја сфаќам вистинската смисла на овие зборови. Само љубовта кон тебе останува моја сопственост, само неа, наместо тебе, можам да ја понесам секаде каде што ќе одам, како богатство, како наследство. Но, мислата на тебе, болката во душава е жива. Таа ме потсетува дека постојам. Сѐ ме потсетува на тебе и сѐ ме потсетува на моето ветување да се борам. Не за победа, туку за нашата љубов. Исто како и ти, го молам Бога – дарот на љубовта никогаш да не ме напушти. Ноќе, човекот сам себеси си го признава она што дење не смее ниту да го помисли. Моите ноќи се резервирани за тебе, За нас. Тогаш, во мислите, можам да ти кажам сѐ…