Прилогот е процес од идеја до реализација. Откако новинарот ќе добие задача за снимање на одреден прилог, размислува за начинот на кој би се прикажал прилогот, со видео, текст или слика. Теренското снимање е специфично и треба добра припрема за истото. Потребна е добра локација, добро светло, камерман, камера, статив и микрофон. Дури и најдобрите кадри можат да бидат упропастени од лош звук, па затоа се препорачува користење на микрофони.