Трчање на Мон Блан: 171 километар во должина, 10 километри висинска разлика

Новости ОТВ

Мери Мирческа е наш женски планински тркач. Мотивот за неа е огромната љубов кон природата и кон планините. На повидок е најголемиот предизвик досега, учество на најпрестижната светска трка во Франција, Шамони на Мон Блан. Оваа трка е на Алпите во трите држави Франција, Италија и Швајцарија, а рутата на Мери е долга 171 километар, 10 километри висинска разлика.

Мирческа го крши стереотипот дека спортот не е за жените. „Не дај Боже јас некогаш да тренирам фудбалери за кондиционен тренинг. Не ми се верува дека фудбалер би издржал тренинг од планински тркач. Планинското трчање е gender friendly спорт, но сепак се зависи од личноста на човекот, од дисциплината, посветеноста и биоритамот“ – кажува Мирческа.

Погледнете го целото интервју на видеото во продолжение.