Видео застапување – „Најдобрата туристичка дестинација… за стаорци“

Новости Обуки

Најсилен начин, за да се информира заедницата и да се натераат политичарите и функционерите на подобра работа и да „не се прават на Тошо“ е видео прилогот. Наместо да му велите: „Градоначалниче, оној изворон е сиот загаден – превземи нешто“, вие можете да му го снимите тоа со камера, ќе му пуштите некоја музика и ќе го наречете прилогот:
„Најдобрата туристичка дестинација… за стаорци“.

Ова се вика видео застапување. Видеото е тужбата, обвинет е функционерот, а судот е народот. Пресудата? Пресудата оди  на избори.

Внимавајте: немојте да мешате што ви е вам целта, туку целта на самата информација. Прашајте се: што претставувате и какви се теренските податоци? Која е темата? Која е пораката? Што треба со неа да предизвикате? Какви ќе бидат реакциите?

Изберете начин на претставување: Сериозен прилог, комичен текст, видео прилог – без текст, избор на комичен спот од некој друг, монтажа од симнати видеа.

Јавните работи се прават со јавни пари. Тоа се наши пари и не треба да се помируваме кога се трошат неразумно. Ова со години се повторува и функционерите и мора да сфатат дека рационалноста е дел од нивната работа.

Еве вака.