Координати на културата

Тековни

Донатор: Министерство за култура

Времетраење на проектот: Април 2018 – Ноември 2018

Развивање нов културен простор за извидничките организации, базиран на културни, културно – амбиентални и еколошко – естетски премиси, кој мисијата и активностите на овие организации ќе ги ориентира кон интеркултурна и меѓународна размена, ќе ја зголеми нивната мобилност и капацитет за финансирање на сопствените активности и работа и ќе ги насочи кон утилитализирање на културното и природното наследство, во разни форми на еколошки и културен туризам, како и нивни комбинации. Со тоа, македонските извиднички организации би ја зголемиле општествената одговорност на овие значајни групи млади, истовремено правилно ориентирајќи ги кон осовременување на нивната мисија, разбирањето на извидничката мисија, со што младешката енергија би се насочила кон развој на културна продукција и помош на културниот туризам и индустриите на културата, како база за нивна самоодржливост.

4. „ЕКСПЕДИЦИЈА НОВ ПРОСТОР“ – КРУШЕВО

3. „ЕКСПЕДИЦИЈА НОВ ПРОСТОР“ – ДЕРВЕН

2 „ЕКСПЕДИЦИЈА НОВ ПРОСТОР“ – Амфитеатар, Маркови Кули

1 .„ЕКСПЕДИЦИЈА НОВ ПРОСТОР“ – смешни инсерти Хуморот, извидничкиот ентузијазам од Извиднички одред Феникс – Прилеп / Scout Group Phoenix – Prilep и експертизата од АГТИС – формула за откривање нови културни простори.

Обука на креативен тим – мапирање

Работилница за обука за користење ИТ технологија

Работилници за креирање план за освојување на просторот Експедиција Нов Простор